Wednesday, August 26, 2015

Треба ли универзитетите само да предаваат, но НЕ и да промовираат претприемништво?

Во 1970-тите, претприемништвото не беше застапено во бизнис-училиштата. Неколкуте училишта кои нудеа некакво образование во оваа област, го нарекуваа "мал бизнис." Навистина интересно, нели?

Од ваквиот почеток, па до денес, претприемништвото стана нешто што мора да го има секое бизнис-училиште, иако тоа главно се смета како „посвоено дете“ и обично е дел од програмата за менаџмент (управување), наместо да биде засебна студиска програма. А, кога е ставено во наставните програми за менаџмент, тогаш се третира со занемарување, дури се смета и како целосно непотребно. Претприемништвото вклучува маркетинг, финансирање и управување со деловни потфати, односно со целиот бизнис. Но, денешните бизнис-училишта кои се поделени на засебни оддели со посебни студиски програми, не се вклопуваат добро во она што денес претставува реалноста.

Како и да е, претприемништвото на бизнис-колеџите стана неизбежно, првенствено затоа што училиштата открија дека многу малку од нивните дипломирани студенти успеваат како извршни директори. Повеќето од нив се среќни дури и ако станат менаџери на некое високо ниво. Што е и уште поважно, претприемачите се великодушни кон нивните училишта, за разлика од извршните директори кои го „стискаат“ секој денар. Но, заедно со оваа образовна експанзија доааѓаат како придружба инкубаторите, натпреварите за најдобар бизнис-план, консалтинг фирми за мал бизнис, и успешни (и некои не толку успешни) бироа на претприемачи. Успешните претприемачи се канат на универзитетските кампуси за да донесат една доза на поголема реалност во таинствениот и повеќе теоретски свет каков што е на повеќето бизнис-училипта во светот денес. Кога студентите ќе формираат сопствени компании, тие често се појавуваат во статии во универзитетските везници и локалните медиуми, каде се пофалуваат и посочуваат како потенцијалните идни Гејтс, Џобс, или Закерберг.

Повеќе ...


Извор:
Dileep Rao, 'Should Universities Teach, But Not Promote, Entrepreneurship?', Forbes, August 2015.

1 comment:

  1. Здраво, сите, јас сум Адрик Вадим што живеам во градот Курган, сакам да споделам со сите вас овде за тоа како г-дин Бенџамин ми помага со заем од 15.000.000,00 рубли за да започнам со испорака на пијалоци со храна после сè што работам неколку хотели овде во Курган само за да заработам за живеење, но жално ми се уште имав потешкотии да платам кирија, но благодарам на Бога сега што сум самовработен сега со 5 работници кои работат во мојата грижа. Само ако барате финансиска слобода, ве советувам да контактирате со г-дин Бенџамин со оваа е-пошта подолу и што е бројот на апликацијата. Lfdsloans@outlook.com + 1-989-394-3740

    ReplyDelete