The Princeton Review секоја година анкетира повеќе од 2,000 школи за да ги рангира најдобрите 50 наставни програми по претприемништво. Ова е листата за 2011 година.
Потрагата по знаењата и вештините за претприемништво е една тешка, исцрпувачка и ризична работа. За оние пак, кои се заинтересирани да се школуваат за претприемништво Princeton Review со своето годишно рангирање на првите 25 додипломски и првите 25 постдипломски студии по претрпиемништво кои се нудат во САД, дава добра слика за најдобрите можности за школување.
Потрагата по знаењата и вештините за претприемништво е една тешка, исцрпувачка и ризична работа. За оние пак, кои се заинтересирани да се школуваат за претприемништво Princeton Review со своето годишно рангирање на првите 25 додипломски и првите 25 постдипломски студии по претрпиемништво кои се нудат во САД, дава добра слика за најдобрите можности за школување.
Babson College е на врвот на листата за постдипломски програми по четврти пат по ред. Центарот за претприемништво на Babson College наречен Arthur M. Blank започна со својата програма уште во далечната 1967 година, со што е еден од најстарите на оваа листа. Wolff центарот за претприемништво при Универзитетот од Хјустон, пак, е прв во рангот на додипломски студии. Како што е случајот со Babson и многу други школи од оваа листа, така и Wolff центарот во целост се состои од претприемачи. Универзитетот од Хјустон исто така има и најмногу запишани студенти, привлекувајќи нешто повеќе од 2,000 студенти во академската година 2010-11.
Од Чикаго па до Лос Анџелес, постојат училишта за секој кој има аспирација да стане претприемач, или е веќе тоа а сака понатаму да се развива. Рангирањето се базира на истражување на повеќе од 2,000 колеџи и универзитети и се темели на следниве прашања и методологија.
Академски и други барања:
Училиштата беа прашани дали тие нудат програма по претприемништво и да го прецизираат вкупниот број на понудени курсеви, како и нивниот вид, како на пример социјално претприемништво, развој на нов производ или високоризичен капитал. Останатите академски барања кои влијаат врз рангот вклучуваат можност за реализирање на пракса во подолг или пократок рок, искуствено учење и можности за консултантсвто за сопствениците на мали бизниси.
Студентите и факултетот:
За академската 2010-11 година од институциите беше побарано да посочат колкав процент од вкупниот број студенти бил запишан на студиската програма по претприемништво и колкав процент од сите запишани студенти посетувало наставни предмети од областа на претрпиемништво. Од нив исто така се бараше да одговорат колкав процент од студентите во последната дипломирана генерација започнале сопствен бизнис после дипломирањето, колкав процент од нив сеуште ги имаат бизнисот, и колкав процент од студентите по претпрриемништво започнале, купиле или водат успешен бизнис.
Надвор од училиштата:
Училиштата беа прашани дали имаат воспоставено партнерства со други училишта кои овозможуваат пристап до нивните наставни програми по претприемништво, колку официјално признати клубови и организации имаат воспоставено за студентите по претприемништво и колкави буџети одвојуваат за овие клубови и организации. Понатаму училиштата одговараа на прашања во врска со останатите активности и натпревари кои се нудат од областа на претприемништво, колку официјално спонзорирани програми за менторства им се достапни на студентите по претприемништво, како и колку и колкави стипендии им стојат на располагање.
Извор: Michelle Juergen, ‘The Top 50 Entrepreneurship Programs’, Entrepreneur Magazine, October 2011.
Јас сум Хелена Хулио од Еквадор, сакам добро да зборувам за г-дин Педро на оваа тема.
ReplyDeleteГ-дин Педро и неговата компанија за заем ми даваат финансиска поддршка кога целата банка во мојот град го одби моето барање да ми даде заем од 500.000,00 американски долари, се обидов сè што можев да добијам заем од моите банки овде во Еквадор, но сите ме одбија. бидејќи кредитот ми беше низок, но со Божја милост дознав за г-дин Педро на платформа за заем, па решив да се обидам да аплицирам за заемот. Со Божја волја ми дадоа заем од 500.000,00 УСД. Барањето заем за кое моите банки овде во Еквадор ме одбија, беше навистина прекрасно да се работи со нив и мојот бизнис сега оди добро. Е-пошта/ Контактирајте ако сакате да аплицирате за заем од нив.
pedroloanss@gmail.com